Press "Enter" to skip to content

ЈКП “Водовод“ Битола: се поставува нова водоводна мрежа од 6 километри

Денес 16.08.2025 (сабота) и во текот на утрешниот ден 17.08.2025(недела), две екипи на ЈКП Водовод Битола засилено работат на крајната фаза од проектот Битола – Логоварди – Поешево. Со овој проект граѓаните од овај регион ќе добијат комплетно нова водоводна мрежа од 6 км полиетилен со нови приклучоци.

Овие активности се со цел подобрување на квалитетот и сигурноста на водоснабдувањето за сите корисници.

Ве молиме за разбирање и трпение за време на изведувањето на работните активности.

ЈКП “Водовод“ Битола секогаш во служба на граѓаните.

More from ВестиMore posts in Вести »