Press "Enter" to skip to content

Втора самостојна фото-изложба на Ивона Кочов – “Пркос кон заборавот“ (фотогалерија)

Синоќа во Офицерски дом во Битола свечено беше отворена фото-изложбата на фотографката од Битола – Ивона Кочов, насловена “Пркос кон заборавот“ во која се поместени дваесетина портрети на битолчани кои оставиле или ќе остават траги во урбаниот живот на градот. Втората изложба на Кочов, како самата рече е реализација на нејзината замисла која ја носела повеќе од година и пол, а сега конечно оживеа пред очите на битолчани, која на отворањето се заблагодари на сите кои и помогнаа, ја бодреа и веруваа во неа.-Поради емоциите не успеав да го прочитам целиот говор на изложбата, па сега го споделувам тука со вас: „Добровечер на сите. Вечерва не сум тука само како фотограф, туку како раскажувач на приказни. Приказни за луѓе кои со своите раце и срца го изградиле својот живот и животот на сите околу нив. На фотографиите ќе видите луѓе кои и во своето позно останале посветени на трудот, сè уште не ја напуштиле својата работна маса, своето поле, својата мисија, рече Кочов на отворањето на изложбата.“Пркос кон заборавот“ е начинот на кој Кочов дека ги ги гледа, дека ги цени и дека нивните приказни не треба да избледат.-Секој портрет што ќе го видите носи дел од нивната младост, нивните битки, нивните победи и нивната љубов кон животот. Од срце им благодарам на сите што ми ја отворија вратата и душата за да ја создадам оваа изложба. И да не заборавиме – додека се сеќаваме на луѓето, тие живеат!, додаде Кочов.На фотографите се портрети на Љубомир Трифуновски – 1938 Александар Стерјовски – 1933 Душанка Петличкова – 1937, Лилјана Кепеска – 1948, Светлана Гочева – 1953, Лена Јованови – 1945, Бафтиар Шерифи – 1940, Слободан Павловски – 1946 – 2025, Неџат Јусуфовски -1961, Илми Мефаилов – 1950, Димитрија Велески – 1950, Петар Горги Глигоров – 1947, Гордана Наздовска – 1960 Христо Бозаџиев – 1948, Владимир Атанасов – 1947, Малик Рецеп – 1947, Омер Сулејман – 1949, Олимпија Јовановски – 1949, Васко Ташковски – 1931, Зухди Малик – 1938,  Јани Цветковски -1938, Кире Марков – 1951, Жан Христовски – 1951, Вера Велановска – 1955, Никола Татарчев – 1937, Олга Татарчева – 1938, Јоце Смилевски – 1958, Мендо Долевски -1944, Аница Хентова Наневска – 1942, Димитрие Гиновски – 1952, Рашко Т. Наковски -1950, Антонио Димитровски – 1949, Горги Тромбев – 1950,  Добрила Тромбева -1950, Анастасиа Петровска – 1943 и Ѓорги Кироваков -1944.

Втора самостојна изложба „Пркос кон заборавот“ беше во рамките на “Битфест“.

Дамијана Ристевска

More from КултураMore posts in Култура »