Press "Enter" to skip to content

Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 30 степени

Денес, недела, 17 август, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне, можност за нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 30 степени.

Утре, понеделник, 18 август, во Битола, времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Температурата во Битола до 30 степени.