Press "Enter" to skip to content

Прва прволигашка победа на Пелистер во гости, во Струмица

АП Брера – Пелистер 1:2 (0:0)

Фудбалерите на Пелистер од Битола денес попладне ја забележаа првата победа во новата сезона откако денеска во последниот меч од 2. коло во ПМФЛ славеа на гостувањето кај АП Брера со 1:2, полувреме 

По првите минути кога се успитуваа силите, првата шанса ја имаа гостите во 24. минтуа кога Стојанов и Ивановски имаа двојна шанса, a следеше консултација со ВАР собата за потенцијално играње со рака.  Гостите нова шанса имаа преку Булатовиќ во 36. минута кој беше оставен сам без играч, но биеше покрај голот на противникот.

Во вториот по фаулот над Ристовски беше досуден пенал, кој успешно го реализираше Мирко Ивановски во 58. минута за водство на гостите од 0:1. На 0:2 во 72. минута зголеми Бошковски. До крајот домаќините успеаја само да го ублажат поразот со евроголот на Антовски во 77. минута.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »