Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: загинаа две лица во сообраќајка кај Макази

Две лица загинаа, третото е тешко повредено. Ваков е трагичниот биланс од смртоносната сообраќајна несреќа што се случи вчера на патот Ресен – Битола, кај местото викано „Слечиште“.

-На 18.08.2025 околу 12:50 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека на магистралниот пат Ресен-Битола, на место викано „Слечиште“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел астра“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 20 годишно  од Охрид и патничко возило „мерцедес“ со германски национални ознаки, управувано од 52 годишно лице од Сојузна Република Германија. Од здобиените повреди, на местото на настанот починал возачот на опелот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Возачот и неговиот сопатник, 19 годишник од село Лескоец, охридско, биле пренесени во Клиничката болница Битола, каде што кај возачот лекар констатирал смрт, додека кај совозачот биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Ресен.

Според соопштението на МВР, судирот бил помеѓу патничко возило „Опел Астра“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот П.Н. од Охрид, и патничко возило „Мерцедес“ со германски национални ознаки, управувано од 52-годишниот П.К. од Германија.

More from ВестиMore posts in Вести »