Press "Enter" to skip to content

Вечер, 15 години “Незаборав“ 2010-2025

Среда, 20 август 2025 г. во Центарот за Култура – Битола, со почеток во 20.00 ч. ќе се одржи традиционалната манифестација „Незаборав“, кој е посветен на изминатите 14 приредби и претставува ретроспектива на истите.

На настанот ќе Ве потсетиме за изминатите концерти кои беа посветени на: Сашка Петковска,  Јонче Христовски, Пепи Бафтировски, Љупчо Спасеновски (Буба мара), Добри Ставревски, Гоце Николовски, Миле Шерденков, групата „Битолски конзули“, Битолчани на Валандово, Драган Каранфиловски-Бојс, Песни за Битола – прв и втор дел, Песни од Интерфест 92-96 и Тоде Новачевски.

На концертот во живо ќе настапат познати битолски музичари и изведувачи.

More from КултураMore posts in Култура »