Денес, среда, 20 август, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне можност за нестабилност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 32 степени.
Утре, четврток, 21 август, во Битола времето ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 30 степени.






