Press "Enter" to skip to content

КК Пелистер го официјализира првото засилување, Никола Малешевиќ повторно во Битола

Кошаркарскиот клуб Пелистер од Битола денес го промовира првото засилување во тимот,  кошаркар добро познат на битолската публика – Никола Малешевиќ повторно ќе го носи дресот на Пелистер откако и официјално стави потпис на договорот.

-Српскиот кошаркар со голем успех ги бранеше зелено-белите бои во периодот од 2020 до 2022 година, помагајќи нашиот тим да стигне до финалето во плејофот. Тоа беше сезона во која Малешевиќ беше еден од најдобрите кошаркари не само во Пелистер, туку и во целокупната Прва лига, па на обострано големо задоволство успеавме да ја обновиме соработката и повторно да го донесеме овој искусен кошаркар во нашите редови, соопштија од КК Пелистер.

Малешевиќ во кариерата меѓу другите клубови има настапувано за Шљонск, ОКК Београд, Металац, Стеауа, Волунтари, Цибона… а ланската сезона ја мина во шампионатот на Грција, бранејќи ги боите на Ираклис.

Тој веќе е пристигнат во Битола и почна со работа, неколку дена пред официјалниот старт на подготовките за следната сезона, закажан за наредната седмица.

More from СпортMore posts in Спорт »