Press "Enter" to skip to content

Широк Сокак во бело на 22 и 23 август во Битола

Крајот на август е асоцијација на Широк Сокак во бело Крајот на август во Битола отсекогаш има своја симболика – Широк Сокак во бело. На 22 и 23 август, градот повторно ќе го живее традиционалниот спектакл „Бела Ноќ“, дел од јубилејното издание на Битфест. 

Два дена, една улица и еден дрес-код. Широк Сокак ќе блесне во своето најсветло издание – како сцена за програма што ги спојува генерациите и ја слави македонската музика.

Оваа година, Белата ноќ ѝ припаѓа на нашата музичка сцена – на гласовите и бендовите што ја носат емоцијата на градот и што ја полнат најубавата улица на Балканот со енергија и блискост.

Петок, 22 август

Детски хепенинг во бело, Плато Офицерски дом, почеток 19:00   

Сабота, 23 август

Концертна вечер, плоштад Магнолија, почеток 21:00   

DJ Тања, Поп Рок Хор „Битвокс“, Емоушн бенд, Никола Зацески, Тамара Стојковска, Бојана Скeндеровски & Бенд, Александра Јанева & Бенд, Виктор Апостоловски.

Белата ноќ е традиција, симбол на градот и празник што го обединува Битола. Колку ја сакаме македонската музика, ќе провериме овој викенд на Широк Сокак во бело.