Press "Enter" to skip to content

Во Битола променливо облачно, ветровито и нестабилно, температурата до 32 степени

Денес, петок, 22 август, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно, ветровито и нестабилно со локален дожд и грмежи. Ќе дува засилен западен ветер. Температурата во Битола до 32 степени.

Утре, сабота, 23 август, во Битола времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне можност за локален пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 29 степени.