Press "Enter" to skip to content

МНД Битола организира “Книжевни вертикали“

Во Културен и информативен центар Офицерски дом – Битола во организација на Македонско научно друштво – Битола за прв пат се одржа манифестацијата „Книжевни вертикали“ во рамки на Битфест 2025. 

На 18 август беа направени книжевни портрети на Борче Панов и Даниела Андоновска-Трајковска – и двајцата реномирани македонски писатели со бројни награди и објави во странство.

За писателите зборуваа проф. д-р Златко Жоглев, м-р Елизабета Јончиќ, Весна Мундишевска-Велјановска и Милица Димитријевска Радевска, а настанот го модерираше проф. д-р Билјана Граматковски.

За музичкиот дел се погрижи реномираната пијанистка и професорка м-р Горјана Стојановска.

На 19 август во Кристалната сала на Офицерски дом – Битола беа промовирани списанието „Современи дијалози“ и зборникот на трудови „Женски книжевен хабитус“ – и двете изданија на Македонското научно друштво – Битола, а потоа се одржа поетско читање.

Овој настан е еден од многуте настани кои Друштвото ги организира оваа година во чест на одбележувањето на 65 години од своето постоење.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »