Синоќа на ракометното игралиште во Битола битолската рок група “Паркети“, култен бенд кој остави длабок белег на македонската музичка сцена, со одржување на концерт, во нивни стил, го прослави јубилејот – 30 години од издавањето на својот прв албум „Грижа на совеста“.
Ракометното игралиште во Битола, синиќа беше најгласната и најживата рокенрол сцена во земјата, на отворено, “Паркети“ пречекаа илјадници љубители на живиот звук од цела Македонија, кои уживаа во нивните изведби, и конекцијата со публиката која ја направија Сашо, Зоки, Симс и Христо.

Концертот го започнаа со првата нивна песна, за Клара… а потоа на нивниот, како рекоал најважен концерт, на кој свиреа два и пол часа, беа сите нивни хитови, и андерграунд и комерцијални, а имаше спонтани додатоци, за една голема рокенрол вечер.
Групата “Паркети“ е формирана во првата половина на 90-тите години во Битола, а започнаа како локален андерграунд состав, препознатлив по својата иронична лирика, блуз-рок енергија и несекојдневната хемија на сцената.
Дебитантскиот албум „Грижа на совеста“, објавен во 1995 година, стана култно издание благодарение на песни кои брзо преминаа од мали клубови до колективната меморија на една генерација – „На месечина те заборавив“, „Строубери“, „Пијана ноќ“…, а токму тоа синоќа го славеа.
Со својата директност, отворен хумор и искрена чувствителност, “Паркети“ успеаја да ги премостат границите меѓу андерграундот и мејнстримот.
Од првите настапи во студентски домови и клубови, до настапи на големи сцени и фестивали, тие станаа симбол на битолската музичка сцена и инспирација за многу млади бендови низ Македонија.
Концертот, под мотото „Паркети & Friends“, ќе ги обедини генерациите – од оние што ја паметат првата касета и носеа маици со лого „Анархија“, до младите што допрва ќе откријат дека Паркети постоеле пред TikTok ерата и пред сите модерни трендови.
Како гости на бината се појавија Марија, Ирена, Пеце и млади рокери, а настанот е во рамките на годинашниот “Бит фест“.
Текст и фото: Дамијана Ристевска










