Еурофарм Пелистер – Динамо 24:24 (10:13)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер од Битола одиграа нерешено против Динамо Панчево 24:24 на натпреварот на турнирот „Крсте Андоновски“ во Охрид.
Натпреварот беше отворен и го одбележа одличната игра на “пелистерци“ кои во три наврати имаа водство од три гола и делуваа дека се во супер-ритам. Но, следуваше добра игра на Динамо, а неговите ракометари во завршните минути од првиот дел направија серија од 6:0 успеа да дојде до дури три гола позитива на паузата, 10:13.
Второто полувреме започна со зголемување на водството на Динамо, со +5 (15:10), а потоа српскиот тим ја одржуваше разликата во следните минути. Манасков со два гола намали на 16.14 во 40. минута. Динамо стигна и до 18:14, а србите повторно стигнаа до +5 во 43. минута од мечот. “Пелистерци“ намалија на -3, а потоа тргна Пелистер намали на -1, а потоа и израмни. Калед Валид донесе прво водство за Пелистер во 55. минута (22:21). на две минити до крајот беше 23:23, Видомски бргу реализираше за 24:23, динамо врати на 24:24 што беше запишано како конечен резултат.
Најефикасен ракометар кај Еурофарм Пелистер беше Дејан Манасков со шест погодоци.





