Неполн час од објавувањето на информацијата дека на велосипедската планинска патека“Каналка 2“ над Битола дека “излезе“ стара граната од Првата светска војна екипа на Центарот за спасување и кризи излезе на терен и ја демонтираа бомбата.
Сите пофалби за експресна интервенција на претседателот на велосипедскиот клуб “Extrem BT“, Тони Котевски, кој правовремено се интересираше за точната локација по објавениот текст во “Битола њуз“ и секако на Горѓи Стефанов од Дирекција за заштита и спасување, кој веднаш излезе на терен.
Оваа брза информативно- теренско- стручна операција дава надеж дека во Македонија кога се сака се може. Во мојот, четиридецениски новинарски стаж, денеска сум задоволен, духовно исполнет и горд што новинарскиот збор и пишување се уште вреди и нема цена!
Драган Ристевски






