На 24.08.2025 во 17:37 часот на патот Битола-Граничен премин Меџитлија, кај село Кравари, битолско, полициски службеници од СВР Битола при контрола со радар во патниот сообраќај констатирале дека 22 годишник од село Средно Егри, битолско, управувал патничко возило „фоксваген поло” со битолски регистарски ознаки со брзина од 107 километри на час во населено место на место каде што максималната дозволена брзина е 50 километри на час. Лицето веднаш било исклучен од сообраќај. По документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава за кривично дело ,,Безобзирно управување на моторно возило” согласно член 297-а од кривичен Закон.
На 24.08.2025 во 01:38 часот во СВР Битола, 73 годишник од Битола пријавил дека настанал пожар во неговото патничко возило ,,опел омега” со битолски регистарски, додека го паркирал на ул.„Солунска” во Битола. Пожарот бил локализиран од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола, а повредени лица нема. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.






