Сè е подготвено за утрешната Меѓународна завршна конференција на проектот „Инкултура“, во организација на Институтот за туризам, едукација и менаџмент – ИТЕМ, која ќе се одржи во Битола , во “Пионерски – Книга бар“ на 26 август.
Настанот предизвикува огромен интерес кај јавноста, академската заедница и граѓанските организации, кои ќе имаат можност да слушнат и споделат искуства за социјална иновација и претприемништво во меѓукултурен и меѓурелигиски контекст.
Од конференцијата ќе произлезат заеднички заклучоци и препораки кои ќе послужат како основа за идни иницијативи и развој на нови соработки.






