Press "Enter" to skip to content

Борче Даскаловски е нов шеф на стручниот штаб на Пелистер од Битола

Искусниот стручњак македонскиот кошаркарски стручњак Борче Даскаловски е изборот на управата на нашиот клуб за нов шеф на стручниот штаб на КК Пелистер од Битола за новата натпреварувачка сезона.

Даскаловски  ќе има за задача да ги оствари зацртаните цели за периодот што следи.

Даскаловски беше член на стручниот штаб на машката сениорска репрезентација на Македонија во претквалификациите за СП 2027, претходно беше дел од А-тимот и додека селектор беше Јорданчо Давитков. Даскаловски воедно со години е и професор по кошарка на Факултетот за Физичко Образованио, Спорт и Здравје.
Даскаловски своевремено имаше и успешна играчка кариера, во која една година мина токму во дресот на Пелистер (2006//07). Потоа тој ги направи првите чекори и како тренер, најпрвин во Вардар, а потоа и во Карпош Соколи. Негов последен тренерски ангажман беше како предводник на Кожув.