Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: измама со лажна сообраќајка, физички напад, излетување од коловоз со моторцикл, нападнат малолетник, пронајдена стара граната

На 25.08.2025 во 19:30 часот во СВР Битола, 88-годишна битолчанка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 1000 американски долари, евра и 20.000 денари. Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски и и кажало дека нејзиниот син со сопругата предизвикал сообраќајна несреќа, при што се здобиле со тешки телесни повреди и притоа прегазиле осумгодишно дете и дека треба да плати за да не биде пријавен во полиција од страна на семејството на детето. Како што е пријавено, таа парите ги фрлила од балкон на едно лице, а подоцна дознала дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 25.08.2025 во 09:00 часот во СВР Битола, Е.А. (71) од Битола пријавил дека пред угостителски објект во Старата градска чаршија во Битола бил физички нападнат од 51 годишник од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 25.08.2025 во СВР Битола било пријавено дека кај место викано „Смолево“ во Битола, била пронајдена експлозивна направа. Во 12:45 чaсот, пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола ја подигнал експлозивната направа и констатирал дека се работи за неексплодирана артилериска граната калибар 75 мм која потекнувала од Првата светска војна.

На 24.08.2025 во 16:25 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Меџитлија- Старавина мотоцикл „хамачи” без регистарски ознаки, управуван од 39 годишник од Битола излетал од коловозот . Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.

На 25.08.2025 во 23:45 часот во СВР  Битола, Н.С. (39) од с. Поешево, битолско, пријавила дека на игралиште во училишниот двор во с.Поешево, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друго лице. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На  25.08.2025  во 23:20 во СВР Битола, Б.Т. (43) од Битола пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот сопруг на возраст од 50 години. Се преземаат меки за пронаоѓање на лицето.

More from ВестиMore posts in Вести »