Денес во просториите на ЈКП „Водовод“ – Битола се одржа состанок на кој покрај домаќинот манеџерскиот тим на претријатието, присуствуваа претставници од Општинскиот инспекторат, Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство.
На состанокот беше дискутирано за проблемот со злоупотреба на вода преку нелегални приклучоци и кражба на вода, со што се нанесува сериозна штета на јавното претпријатие и на сите совесни корисници.
ЈКП “Водовод“ Битола после состаникот ја информира јавноста дека:
-Секоја злоупотреба на водата ќе биде предмет на соодветна постапка согласно важечките законски регулативи. Против сите лица кои ќе вршат кражба на вода или ќе користат диви приклучоци ќе бидат преземени соодветни санкции преку надлежните органи.
ЈКП „Водовод“ – Битола упатува апел до сите граѓани и правни субјекти да ја користат водата на законски начин, а воедно ги охрабрува да пријавуваат евентуални злоупотреби.
–Само со заеднички напори може да се обезбеди правилна распределба на овој драгоцен ресурс, порачаа од ЈКП “Водовод“ Битола.






