Деновиве се одржа настан кој остави печат на македонската музичка сцена, а особено во Битола, кога битолскиот бенд “The Groove“ ја одржа промоцијата на својот прв авторски албум “Тука сум до тебе“ која се одржа на платото на Офицерски дом во Битола .
Албумот содржи осум песни преку кои бендот ја претставува својата зрелост, длабока емоција и пред сè – искреност, нешто што публиката веднаш го препозна и го награди со долготраен аплауз и топли реакции.
Промоцијата се одржа во магична атмосфера пред платото на Офицерскиот дом во Битола, каде што музиката на “The Groove“ ја исполни вечерта со позитивна енергија, носталгија и звук кој допира до срцето.
Бендот постои веќе десет години, со бројни настапи низ цела Македонија, но овој албум претставува ново поглавје во нивното музичко патување – чекор напред кон создавање автентичен звук кој го отсликува нивниот идентитет и уметничка зрелост.
The Groove го сочинуваат: вокал – Ферди Адемоски, соло гитара – Филип Куновски, тапани – Александар Ѓоргијовски, бас гитара – Стефан Трајановски, ритам гитара – Драган Тасевски и клавијатура – Владимир Поповски.
Со „Тука сум до тебе“, бендот потврдува дека македонската музичка сцена има што да понуди – оригиналност, искрена емоција и звук кој останува во меморијата на слушателите. Албумот е веќе достапен на сите дигитални платформи, а The Groove ги кани сите љубители на добра музика да станат дел од ова нивно ново музичко патување.“
Фото: Дамијана Ристевска











