На 27.08.2025 во СВР Битола било пријавено дека околу 04:50 часот на ул. „Сисак” во Битола настанал пожар во паркирано патничко возило „цитроен” со скопски регистарски, сопственост на правно лице. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.
На 26.08.2025 во 09:00 часот во СВР Битола, Г.К. (49) од Битола пријавил дека кај месна заедница „Тодор Ангелевски” во Битола неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 25.08.2025 во 17:28 чaсот во СВР Битола, В.С.(63) од Битола пријавил дека во стан на ул.„Минела Бабуковски” во Битола излегувал чад, по што било констатирано дека Ј.Т. (40) запалил табла од јајца на подот од ходникот, по што се запалил паркет и лицето самото го изгаснало пожарот. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 26.08.2025 во 11:41 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул. „Рајко Жинзифов“ во Битола, товарно возило „цитроен“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 44 годишник од Велес удрило во пешак на возраст од 69 години од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила пешакот, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.






