Press "Enter" to skip to content

“Бит фест 2025“ вечерва се затвора со светлосно шоу на платото пред Офицерски во Битола

Битола отсекогаш имала чувство за културни настани кои ја ставаат на мапата на културните центри во регионот. БИТ ФЕСТ ова лето со многу факти го потврди тоа: светски уметници, локална приказна, програма на повеќе локации низ градот – и публика што со секоја вечер покажа дека културата е нашето најсилно обележје.

Сега завршуваме исто така во голем стил. На 31 август, на платото пред Офицерски дом, со финалната видео-презентација на „Bitola Art Mapping“.

Но, со овој завршен настан не сакаме само да затвориме едно фестивалско лето. Сакаме да отвориме ново размислување:️ Дали Битола заслужува – по пример на светските метрополи – свој light festival?

„Light festival“ е современ уметнички формат кој со светлина, проекции и мултимедијални инсталации ја трансформира архитектурата и јавниот простор во сцена. Таквите фестивали се културно-туристички брендови во градови како Лион, Берлин, Атина, Прага, Сиднеј, Талин, Амстердам…

Зошто не и во Битола?

Ве очекуваме на финалето што носи нов почеток…да затвориме во стил и да размислуваме за иднината.

More from КултураMore posts in Култура »