Press "Enter" to skip to content

Прва победа на Топ гол од Битола во новата сезона, победи во Речица

Речица – Топ гол 3:5 (1:3)

На тешкото гостување во Речица, во рамките на 3. коло од ПФЛ за жени, Топ гол ја совладаа истоимената екипа на Речица со висок резултат од 5:3, а на полувреме 1:3.

Со хет-трикот на Милевска и атрактивните погодоци од корнер на Стефановска и слободен удар на Стојчевска битолчанки ги прокнижаа првите бодови на нивното салдо.

-Огромна победа за нас, и честитки кон девојките за борбената и пожртвуваната игра за време на целиот натпревар. Водството го контролиравме до самиот крај на натпреварот, а ќе треба да поработиме во иднина и на дефанзивните моменти. Оваа победа ќе ја зголеми самодовербата и тимскиот дух кај нас, изјави Кире Грбевски тренерот на Топ гол.

Следниот натпревар Топ гол го пречекува шампионот Љуботен во Битола.

More from СпортMore posts in Спорт »