Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: 10 годишно девојче се вратило дома, опожарена викендица и магацин во Буково, параглајдерист паднат во Преспанско езеро

На 31.08.2025 во 19:30 часот во СВР Битола, А.И. (44) од Битола пријавила дека дома се вратила нејзината ќерка на возраст од 10 години, за која на 30.08.2025 беше пријавено дека се одалечила од домот.  

На 31.08.2025 во СВР Битола, Т.К. (64) од Битола пријавил дека во атар на с.Буково, битолско, настанал пожар на стрниште, по што огнот се проширил и ја зафатил неговата викенд куќа. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна едница Битола, а повредени лица нема. Истиот ден во СВР Битола, Д.Л.(32) од Битола пријавил дека од пожар бил зафатен и негов магацински простор во кој имало разни машини и градежни материјали. Увидот извршила увидна екипа на СВР Битола.

На 31.08.2025 во 14:32 часот во СВР Битола било пријавено дека во водите на Преспанското Езеро, во близина с .Сливница, паднал параглајдерист на возраст од 27 година од Битола. Според пријавеното, тој паднал во езерото веднаш по полетувањето поради силниот ветер. Параглајдеристот бил извлечен од водата од други капачи и не побарал медицинска помош.

More from ВестиMore posts in Вести »