Press "Enter" to skip to content

Уписите на УКЛО Битола продолжуваат во септември

Уписниот процес на УКЛО Битола е во тек. Во првиот уписен рок интерес покажаа 864 кандидати, чие запишување ќе се реализира на 9 и 10 септември 2025 година.

Според Конкурсот за упис на нови студенти во прва година во академската 2025/2026 година, уписите продолжуваат со уште два уписни рока и слободни места. Процесот продолжува со пријавување во вториот уписен рок на: 15 и 16 септември и пријавување на нови бруцоши на 24 септември 2025 година, во третиот уписен рок. 

Од УКЛО со повик до сите заинтересирани –  да ја искористат можноста за упис, особено во државната квота. Инаку, УКЛО нуди современи студиски програми, поддршка за студентите и европска отвореност преку членството во Алијанса КОЛОРС.

Универзитетот ги охрабрува сите заинтересирани –  да станат дел од УКЛО академската заедница што нуди квалитетна настава, современи студиски програми и европски перспективи преку членството во универзитетската алијанса КОЛОРС.