Денес, вторник, 2 септември, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од поменлив правец. Температурата во Битола до 34 степени.
Утре, среда, 3 септември, во Битола времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен западен ветер. Попладне можност за нестабилност со пороен дожд и грмежи. Температурата во Битола до 32 степени.






