Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: битолчанка нападната од синот, три лица нападнале 71 годишник, повреден моторциклист

На 03.09.2025 во 01:00 часот во СВР Битола, 42- годишна битолчанка пријавила дека во семејниот дом во Битола била физички нападната од нејзиниот син. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 02.09.2025 во 18:30 часот во СВР Битола, П.Ш. (71) од Битола пријавил дека на паркинг простор на ул. „Никола Тесла” во Битола бил физички нападнат од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 01.09.2025 во 19:39 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Ари Ангеловски“ во Битола, мопед со битолски регистарски ознаки, управуван од 62 годишник од Битола, излетал надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »