Press "Enter" to skip to content

ЈКП “Водовод“ Битола: поради намален капацитет на вода, прекинато или отежнато водоснабдување, нема рестрикции

ЈКП “Водовод“ Битола ги информира граѓаните дека моментално се соочува со голема потрошувачка на сирова вода, поради што дел од корисниците во неколку делови од градот имаат прекинато или отежнато водоснабдување.

-Сакаме да нагласиме дека не се работи за рестрикции, туку за последица од намалениот капацитет на вода. Најмногу е погодено водоснабдувањето во високите деловите од ниската зона. Апелираме до станарите од висококатниците да ги стават во функција своите хидрофорски постројки, со цел да се обезбеди подобро и постабилно водоснабдување. Повторно упатуваме апел до сите граѓани за совесно и рационално користење на водата. Ви благодариме на разбирањето, соопштуваат од ЈКП “Водовод“ Битола.