Денес со почеток во 10 часот Советот на Општината Битола ќе ја одржи 57. седница, а ќе се расправа за буџетот на Општината, односно за кварталниот извештај, годишните програми на средните училишта, за места за истакнување изборни плакати…
Дневниот ред по кој ќе расправаат советниците е:
1. Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Битола за вториот квартал од 2025 година.
2. Годишен Извештај за работа на СОУ Гимназија „ Јосип Броз Тито“ – Битола за учебната 2024/2025 година.
3. Годишна Програма за работа на СОУ Гимназија „ Јосип Броз Тито“ – Битола за учебната 2025/2026 година.
4. Годишен Извештај за работа на СОЕУ „ Јане Сандански“ – Битола за учебната 2024/2025 година.
4. Годишна Програма за работа на СОЕУ „ Јане Сандански“ – Битола за учебната 2025/2026 година.
5. Годишен Извештај за работа на ОСМУ „ Д-р Јован Калаузи“ – Битола за учебната 2024/2025 година.
5. Годишна Програма за работа на ОСМУ „ Д-р Јован Калаузи“ – Битола за учебната 2025/2026 година.
6. Годишен Извештај за работа на СОУ „ Tаки Даскало“ – Битола за учебната 2021/2022 година.
7. Годишна Програма за работа на СОУ „ Таки Даскало“ – Битола за учебната 2022/2023 година.
8. Годишен Извештај за работа на СОЗУ „ Кузман Шапкарев“ – Битола за учебната 2021/2022 година.
9. Годишна Програма за работа на СОЗУ „ Кузман Шапкарев“ – Битола за учебната 2022/2023 година.
10. Одлука за утврдување и обележување места за истакнување изборни плакати за избор на членови на Советот и Градоначалник на Општина Битола.
11. Одлука за начинот на користење на просториите во објектите на урбаните и месните заедници на подрачјето на Општината Битола, за организирање предизборни собири од страна на организаторот на изборната кампања.






