Press "Enter" to skip to content

Болница “Плодност“ Битола останува синоним за квалитет во здравствените услуги

Агенцијата за квалитет и акредитација АКАЗУМ/ACAISH, во периодот од 9 до 11 јули, повторно ја потврди работа на болницата “Плодност“ – Битола.  Оценувањето ги опфати сите стандарди за квалитет и безбедност, а како резултат на тоа, “Плодност“ повторно доби највисока оценка за наредните 5 години.Сертификатот лично на прим. д-р Таше Трпшевски му го врачи директорката на АКАЗУМ, Билјана Димитрова, како потврда за континуираниот професионализам и високите стандарди што ги одржуваме.

-Горди сме што уште во 2017 година бевме првата приватна болница во регионот што го започна процесот на акредитација и уште погорди што денес повторно сме препознаени како установа што постојано ги унапредува здравствените услуги. Голема благодарност до целиот наш тим за нивната посветеност и на АКАЗУМ за довербата и признанието. Нашата мисија останува иста: да ја задржиме највисоката можна грижа за пациентите и секогаш да бидеме чекор напред, соопштија од “Плодност“ Битола.