Press "Enter" to skip to content

“Модус бенд“ од Битола со нова песна и спот “Џабе бараш утеха“ (фото+видео)

По две децении присуство на македонската сцена групата “Модус“ од Битола издаде нова песна “Џабе бараш утеха“. Со оваа песна оваа реномирана група уште еднаш потврдува дека искуството, талентот и искрената емоција се најсилната формула за музика што допира до секое срце. Спотот е снимен покрај Преспанското езеро, на плажата “Сончев брег“, видеото кое го изработи Виктор Апостоловски, ја доловува силната порака на песната — љубов што згаснува, болка што тлее и копнеж што не престанува.

Песната е по текст на Огнен Неделковски, аранжманот е на  “Модус“ и Славко Ристески, аудио на “Prosound Production Studio“. Пратечки вокале  Софија Стојановска, а артист во спотот: Мартина Станчева.Инаку, група “Модус“ од Битола има 20 години искуство на музичката сцена. Препознатливи се по нивната енергија во живо, но и по искрените балади што оставаат трага. Имаат настапувано на бројни фестивали, семејни веселби и концерти, и се едни од најангажираните музички состави во Македонија.

More from КултураMore posts in Култура »