На 05.09.2025 во 21.30 часот, во објект на поранешен хотел во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода две лица на возраст од 42 и 29 години, двајцата од Скопје со престој во Битола.
При преглед кај едното лице била пронајдена марихуана.
По документирање на настанот против истите ќе следува соодветна пријава.






