Press "Enter" to skip to content

“Амбасадори на читањето – читај и препорачај“

Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола, по повод почетокот на новата учебна година, ја започнува иницијативата „Амбасадори на читањето – читај и препорачај“. Со оваа активност сакаме да ги вклучиме учениците како активни промотори на книгата и читањето, а библиотеката да стане простор за нивна креативност, изразување и лидерство.

Цел на иницијативата е поттикнување љубов кон читањето кај учениците, создавање ученички „глас“ во библиотеката – ученици кои ќе препорачуваат книги на своите врсници, подобрување на соработката помеѓу училиштата и библиотеката, како и градење култура на читање и споделување знаење.

Избраните ученици ќе имаат задача еднаш месечно да дадат препорака за книга (усно на настан или писмено за ѕидот на препораки во библиотеката), д а учествуваат во настани на библиотеката како мали претставници на младите читатели, да создаваат „Амбасадорски дневник“ – заеднички записник со нивните мислења за прочитаните книги и да поттикнуваат и други ученици активно да читаат и да користат библиотечни услуги.

На оваа иницијатива можат да се јават ученици од основните и средните училишта во Битола и околината. (од 6-то одд. до 4-та година од средните училишта), а к андидатите може да бидат предложени од наставници/училиште или да се пријават самостојно.

Секој заинтересиран ученик треба да пополни краток Формулар за пријава

https://docs.google.com/…/12cApRC1aQ-D0…/edit

Секој Амбасадор добива посебна значка и признание од библиотеката. На крајот на учебната година ќе се организира свечен настан со доделување дипломи и симболични награди за најактивните амбасадори.

Библиотеката ги поканува училиштата да предложат 1 или 2 ученици кои ќе бидат дел од оваа иницијатива и да ги охрабрите заинтересираните ученици самостојно да се пријават. Со тоа ќе им овозможат да станат дел од едно пошироко движење за промоција на книгата и ќе придонесете за зајакнување на културата на читање кај младите.

Повикот трае до 1.10.2025 година.

Контакт за пријави и дополнителни информации кај  м-р Фатма Бајрам Аземовска и Гордана Ѓорѓиевска Неделковски.

More from ВестиMore posts in Вести »