Press "Enter" to skip to content

Денес Еурофарм Пелистер ја почнува новата Лига на шампиони

Еурофарм Пелистер од Битола е подготвен за стартот на новата сезона во Лигата на Шампиони, и ќе го одигра првиот натпревар од групната фаза. Вечер во Битола гостува поранешниот европски првак Загреб, кој е противник за  мотивација.

Пред дуелот Еурофарм Пелистер – Загреб пред медиумите зборуваа тренерот и капитенот на македонскиот шампион.

Рубен Гарабаја, тренер на Еурофарм Пелистер:

-Имавме одлична претсезона и сега сите ракометари се спремни за Лигата на шампионите. Треба да го смениме мислите, го менуваме натпреварувањето и треба да знаеме каде сме во елитата. Загреб е компетитивен тим, играат одлична одбрана, посебно во средината. Треба да ја наметнеме нашата игра и да играме како што игравме во периодот на подготовки. Спремен сум да ја доживеам атмосферата во Битола. Сите ми кажуваа откако пристигнав и сакам навивачите да уживаат во нашата игра и да се радуваат на победа на секој наш домашен натпревар.

Филип Кузмановски, капитен на Еурофарм Пелистер:

-Среќен сум што ќе го пречкаме Загреб со најдобриот состав. Имавме неколку повредени ракометари кои изостанаа за пријателските натпревари и Суперкупот. Сега сите сме спремни и ќе го пречекаме Загреб. Лигата на шампионите сама по себе е голем мотив и ние ја заслуживме по ланската сезона. Максимално сме мотивирани, знам дека ќе имаме помош од нашите навивачи и очекувам полна сала. Максимално се подготвуваме и го респектираме Загреб. Не треба да зборуваме за историјата на Загреб, мотивирани сме и сакаме со позитивен резултат да ја почнеме Лигата на шампионите. Загреб има искусни ракометари. Со Игор Карачиќ добија многу во нападот. Тој ќе ги спои бековите, искусен е, поминал многу и знае како се игра на Балканот. Сигурно ќе биде мотивиран заради неговото минато со Вардар, клуб со кој ја освои Лигата на шампионите. Сепак, нашиот фокус е на нашата игра, нашата одбрана. Мислам дека сезонава ќе бидеме многу посилни, засилувањата добро се вклопија и изградивме добар систем. Имаме позитивна атмосфера и мислам дека тоа ќе биде клучот за наш успех во среда.

More from СпортMore posts in Спорт »