Еурофарм Пелистер – Загреб 25:23 (13:12)
Вечерва во Битола, во спортската сала “Боро Чурлевски“ екипата на ракометниот клуб Еурофарм Пелистер триумфално ја отвори новата сезона во Лигата на шампионите, го победи Загреб, со резултат 25:23, полувреме 13:12.
“Пелистерци“ имаа водство 57 од 60 минути и сосема заслужено триумфира, иако на крајот се играше егал и можеше да се прокоцка сè.
Битолчани пред полни трибини одиграа одличен натпревар, долго диктираа темпо и заслужено освоија први сезонски бодови во елитата. На крајот пелистерци имаа пад и за малку не прокоцкаа победа, тоа само го зголеми славјето по одбранетиот напад на гостите за реми.
На отворањето на натпреварот загрепчани не реализираа, а во брза транзиција Хенигман погоди за 1:0. “Пелистерци“ имаа потоа три во низа преку Манасков и Хосни за 4:1. Со уште два седмерци на Манасков и еден од линијата на Пешевски поведе со 7:3.
Пелистер имаше и 8:4. Загреб дојде до -1, а со голот на Хекбарт дојде до 9:7, а потоа и поведе со три разлика. Пелистер стигна до 13:10, а со двата гола на Главаш загрепчани на имаа 13:12.
Стартот на второто полувреме започна со исклучување на капитенот Кузмановски, Загреб влезе во добар ритам, а “пелистерци“ се мачеа. Со серија од 1:4 Загреб стигнаа до 14:16. По два гола на Манасков и Тајник беше израмнето 16:16. Манасков реализира за ново водство 18:17, а потоа со голот на Кузмановски следуваше ново водство од два гола. По одрбранте на Хеидаридад Пелистер дојде до +3 (22:19).
Во клучен напад пенал реализира Кузмановски за 23:20, а загрепчани не се откажуваа, и со два гола во низа преку дојдоа на -1. Радивојевиќ донесе водство од 24:22. Карачиќ намали на 24:23 на влезот во последната минута. Еурофарм Пелистер не погоди, а потоа и Загреб за среќа не реализира, бидејќи Хеидаридад одбрани тешка ситуација и даде гол за заверка на победата.
Дејан Манасков најефикасен кај “пелистерци“ со осум гола, шест гола даде Кузмановски, а четири од четири имаше Хосни. Во тимот на Загреб се истакна Филип Главаш со седум погодоци.
Во следното коло на 18 септември Еурофарм Пелистер му гостува на ПСЖ.
Иако битолчани можеа многу порано од последните секунди да го решат победникот, сепак дозволија драма, а тоа донесе многу атмосфера и поддршка од публиката, која и овој пат беше на ниво на задачата.
60 минути поминаа во навивање и поддршка за своите миленици. “Пелистерци“ се реваншираа на публиката, играа храбро, а на крај заедно со навивачите се радуваа на првата победа во ЛШ и првите бодови.
Дамијана Ристевска – Сашо Ристевски











