Press "Enter" to skip to content

Лесна победа на Еурофарм Пелисестер над Пролет во Битола

Еурофарм Пелистер – Пролет 36:24 (21:12)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја забележаа втората победа во Суперлигата, откако лесно на свој терен во Битола го совладаа Пролет со 36:24, полувреме 21:12, а домаќинот кја оправда улогата на фаворит.

Уште од стартот битолчани поведоа со 2:0 и потоа почнаа да градат предности стигнаа до 9:4. Продолжи да расте водството на “пелистерци“,  а пред полувремето момците на Гарабаја успеаја да ја пробијат и двоцифрената граница 21:11, а на пауза се замина со 21:12. Пролет на стартот на продолжението успеа да намали на -7, а тоа беше се што направија. Еурофарм Пелистер не дозволи никакво изненадување. До крајот пелистерци на рутина ја доработија задачата и славеа со 36:24.

Рудолф Хакбарт постигна девет гола од исто толку обиди, Патар Атанасијевиќ и Манасков по шест.

More from СпортMore posts in Спорт »