Press "Enter" to skip to content

Добра игра на кошаркарите на Пелистер на првиот пријателски натпревар во Трикала, Грција (фотогалерија)

Трикала – Пелистер 91:89

Кошаркарите на Пелистер од Битола вчера во Трикала, Грција, го идиграа првиот натпревар од втората фаза на подготовките пред стартот на сезоната против истоимената екипа и се поразени со резултат од 91:89, а Лука Стојановски во последните секунди има прилика со “тројка“ својот тим да го донесе до победа.“Пелистерци“ имаа водство во текот на 36 минути, а домаќините израмнија во 36. минута, по неколку сомнителни одлуки на домашната судиска тројка, кои не “отсвирија“ неколку фаули над и доделина неколку топки на кошаркарите на Трикала.Пелистер на стартот имаше предност, а првата четртина заврши со поен предност на Трикала, 23:22. Втората четврина беше во знак на Пелистер, а кошаркарите имаа и 12 поени предност. Пелистер на одмор замина со резултат 41:48.Третата четвртина продолжи со добра игра на битолчани, а во последниот квартал домаќинот дојде до првото водство во тој период, а се одржуваше предноста од поен-два, за на крај да биде 91:89.Пелистер утре ја има и официјалната промоција пред сезона, а веќе во среда патува за Самоков, Бугарија каде ќе го игра квалицикационите натпревар за ЛШ против Реџо Емилија од Италија.

Текст и фото: Сашо Ристевски