Press "Enter" to skip to content

Караванот „Македонијо во срце те носиме“ синоќа во Битола (фотогалерија)

По магичните вечери во повеќе градови музичкиот караван “Македонијо, во срце те носиме“ синоќа пристигна во градот на конзулите – Битола, каде битолската публика ги слушна 14-те нови песни.Годинашниот караван е продолжение на музичката приказна чија мисија е – да ја обоиме Македонија со најубавите бои, со емоцијата на нашата традиција, со гордоста на нашите предци и со надежта на идните поколенија.Концертот се одржа на платото пред Офицерски дом во Битола, каде уште еднаш се прослави македонската песна, македонската душа и да покажеме дека таа живее. Синоќа силно одекнааа гласовите на Наум Петрески, Зуица Лазова, Бојана Скендеровски, Ламбе Алабаковски, Спасен Силјаноски, Андријана Јаневска, Сузана Спасовска, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Миле Кузмановски, Марија Спасовска и Мина Блажев – изведувачите кои со срце ја пеат Македонија.Преработката на безвременската „Нема друга Македонија“ – изведба што претставува симболично заокружување на досегашната работа и горд почеток на ново музичко патување низ Македонија, е последната композиција која јавноста има можност да ја чуе во рамки на концертот во Битола, со музика на Милан Завков, текст на Томислав Которчевиќ и со нова аранжманска обработка на маестро Николче Мицевски, а ја изведоа сите учесници во проектот – сплотени во една песна, со една мисла, со една љубов – за Македонија.Сепак најемотивен дел од концертот беше Бојана Скендеровски и пееше, а потоа и заедно запеаја со девојче во инвалидска количка, што уште еднаш ја покажа хуманата страна на организаторот и изведувачите. Проектот, работен под капата на Скендеровски продукција, е повеќе од музика – тој е љубов, порака, искрена посвета на татковината. Со преработки на народни и заборавени песни, тимот создаде звучна хроника која не потсетува на корените, на вредностите што нѐ држат исправени и горди.Во рамки на продолжението од проектот „Македонијо во срце те носиме“ публиката има можност да ужива во: „Не кажувај либе добра ноќ” (Огнен Здравковски), „Како пиреј” (Ламбе Алабаковски), „Се собрале комитите” (Миле Кузмановски), „Како што е таа чаша” (Спасен Силјаноски) „Ја излези стара мајко”(Марија Спасовска).По друм одам мајче“ ја изпеа Мина Блажев, „Горда Македонка“ (Зуица Лазова), „Запејте сите ангели“ (Бојана Скендеровски), „Нека живеј Македонија (Сузана Спасовска) „Мајко силна“ (Александар Тарабунов) „Каде сте Македончиња (Андријана Јаневска) и „Ако умрам ил загинам“ (Наум Петрески). Проектот „Македонијо, во срце те носиме“ во Битола донесе исклучителна емотивна тежина. Наум Петрески, еден од најмоќните вокали на македонската музика, ја изведе песната „Ако умрам ил загинам“ во чест на својот трагично починат пријател Андреј од дуото ДНК, кој го загуби животот во пожарот во дискотеката во Кочани.Сценариото на видеото, создадено од Скендеровски Продукција, ја надминува класичната патриотска порака и се претвора во трогателен омаж за пријателството. Во спотот се вметнати фотографии и снимки од дружбите на Наум и Андреј, прикажувајќи го не само како музичар и уметник, туку и како човек со големо срце и верен пријател.

На концертот имаше голем број на публика, а Бојана Скендеровски за битолската публика рече:-Секогаш е посебно да се пее во Битола, така беше изминатата година така е и оваа година. Има многу енергија, многу весели лица кои уживаа во концертот вечерва. Едноставо сакам да пеам во Битола, пред битолчани, ова лето два пати, а се насдевам дека за брзо ќе имаме и ново дружење.Спасен Силјаноски пред битолчани ја испеа песната „Како што е таа чаша”, која наиде на големо воодушевување кај публиката, а Спасен испеа уште една песна, подзаборавена битолска песна – како рече.Спасен на барања на битолчанки по завршувањето на концертот во живо запеа со нов.

Ж.Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »