Press "Enter" to skip to content

Младич од Нижеполе со “ауди“ возел 153 километри на час, каде е дозволено 70,

На 14.09.2025 во 15:12 часот на магистрален пат Охрид – Ресен, кај место викано „Рибник Крушје”, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Ресен, при контрола во сообраќајот, сопреле патничко возило „ауди” со битолски регистарски ознаки, управувано од 21 годишник од село Нижеполе, битолско. 

Притоа, констатирано е дека го управувал возилото со брзина од 153 километри на час на место каде со сообраќаен знак брзината е ограничена на 70 километри на час.

По документирање на настанот,  против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.297-а од Кривичниот законик –  „безобѕирно управување со возило”.

More from ВестиMore posts in Вести »