Еурофарм Пелистер 2 – Вардар 34:19 (18:7)
Вицешампионот Вардар од Битола се враќа победнички, очекувано славеше победа во дуелот со вториот тим на Еурофарм Пелистер, во натпревар кој се одигра во 2. коло на Супер лига. Избраниците на Иван Чупиќ го одредија победникот во едно полувреме кога на одмор се отиде со 18:7.
“Вардарци“ го отворија натпреварот со серија од 3:0, а потоа само ја зголемуваа предноста, а веќе на паузата имаа двоцифрена разлика 18:7:
Во вториот дел, мечот беше рутина, а ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 не направија игра да го загрозат водството на противникот.
Со овој резултат, младите избраници на тренерот, Александар Зарков, ја прекинаа победничката низа која им броеше 25 меча по ред со триумф, односно од Првата лига, до влезот во Суперлигата.
Кај “пелистерци“ најефикасен ракометар беше Ненад Белистојаноски имаше пет, а Одифред Баптист погоди четири пати.
С.Ристевски











