Во Центарот за култура – Битола беше домаќин на третото издание на еден од најпопуларните музички проекти кај нас – MTV The Greatest Hitс на Камерниот оркеста со што и официјално во Битола ја започнаа новата концертна сезона.
Овој уникатен проект ја врати магијата на златната ера на 80-тите и 90-тите, со нови аранжмани и свежа енергија што секој пат ја освојува публиката.
По цела Македонија, па дури и во соседна Србија, интересот за концертите е огромен, а Битола со гордост ќе ја има честа повторно да биде центар на музичката еуфорија.
Во ова трето издание, подготвена е целосно нова програма со песни што одбележаа една епоха, изведени на еден поинаков и незаборавен начин. Песните ќе бидат во изведба на Битолски Камерен Оркестар IWConnect и Наде Талевска, Полина Тасева, Огнен Димовски, Јана Бурческа, Јасна Димитровска, Ирена Димовска, Александра Трајческа и Алексеј Ивановски.
Фото: Дамијана Ристевска
[ngg src=”galleries” ids=”2554″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″ images_per_page=”25″ order_by=”pid”]











