АМИЦ Супер Возач Битола, ги информира кандидатите за возачи дека продолжува со работа.
Првите испити може да се очекуваат веќе во Понеделник, 22 Септември.
Нашите служби веќе ги контактираат сите кандидати чии испити беа одложени и распоредите за нивните испити кои се наш приоритет, ќе им бидат соопштени лично но и преку нашата интернет страница.
Новите кандидати за возачи се добредојдени за пријава во нашите пријавни места во Битола, Прилеп, Крушево, Ресен, Демир Хисар и Македонски Брод.
Сите критериуми и насоки на надлежното министерство се целосно исполнети и како и досега остануваме без коментар за сите досегашни и идни шпекулации, верни само на нашите кандидати на кои им сме бескрајно благодарни за поддршката, трпението и конструктивноста.
Ваш, Супер Возач






