Press "Enter" to skip to content

Оперските уметници Ана и Игор Дурловски одржаа концерт во Битола (фото)

Оперските уметници Ана и Игор Дурловски синоќа го одржаа својот концерт на платото пред Офицерскиот дом во Битола, а на концертот „Песни од срцата“ отпеаја стари македонски изворни песни.Ана и Игор Дурловски добија овации од страна на бројната публика, која синоќа го проследи нивниот настап, за тоа што двајцата уметници со светска слава, придружувани од Камерениот оркестар „АЈГА“ под диригентска палка на Иван Еминовиќ.Сите заедно на битолчани, кои имаа ретка прилика да гледаат ваков настап на отворена и приредија посебна емотивна нота, проследена со врвна виртуозност.„Калино моме“, „Дејгиди, луди млади години“, „Разболела се Ленка Пингова“, „Што да правам, што да чинам“, „Си заљубив едно моме“,беа дел од изведените композиции, на кои што никој во публиката на остана рамнодушен.Посебни емиции кај публиката предизвика народната љубовна песна „Разболела се Ленка Пингова“, каде што Ана ја покажа својата извонредна колоритност во музицирањето.Меѓу присутните беше и градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, пратеничките Олга Лозановска и Силвана Ангелевска, кој заедно со публиката уживаа во концертот „Песни од срцата“.Со ова исклучително музичко доживување, заврши богатата летна културна сезона во Битола.

Фото: Дамијана Ристевска

More from КултураMore posts in Култура »