Press "Enter" to skip to content

Петар Котевски носител на независна листа на Движење Бојкотирам

Независната листа  предводена од мене, го претставува вонинституционалното Движење Бојкотирам, и се состои од истакнати активисти и поддржувачи на Движењето, кое е последната политичка организација која отворено се противи на идентитетскиот инжинеринг наметнат врз Македонија.

-Немам намера да глумам „организација“ што „грижливо“ ги одбрала сите 31 луѓе на листата. Факт е дека човек не може индивидуално да се активира во политиката заради лошо поставените изборни закони, кои се направени да им служат на големите естаблишментски партии. За тоа, зад мене застанаа мои роднини, пријатели и поддржувачи кои се одважија вака јавно да не поддржат, дури и во услови кога има притисок од естаблишментските партии луѓето да се држат настрана од политика.

Со нас во Советот, ќе нема потреба од уличарење од типот „да каже Градоначалникот колку пари чини ова или она“ – директно ќе обезбедиме увид во работата на Општината. Не планираме да се ангажираме во политички препукувања со другите партии и политички организации – веруваме дека сите се дел од проблемот. Нашата цел е да им ја приближиме на сите граѓани работата на општина и да им покажеме каде се трошат нивните тешко заработени пари, вели носителот на листата. Петар Котевски.