Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер не стигна до изненадување во Париз

ПСЖ – Еурофарм Пелистер 33:27 (16:16)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер одиграа фантастично во Лигата на шампионите, против ПСЖ, но на крај немаа сили да дојдат до целосен успех, иако долго време играше рамо до рамо и во неколку наврати имаше и водство од три гола. 

Битолчани почнаа одлично и  шест пати го израмнија резултатот во првите десетина минути. По водството од 6:7 на македонскиот првак, следеа неколку технички грешки и  и по серијата 4:0 за 10:7. На 15:10 почна серијата на битолчани. Манасков беше непогрешлив. Цехте играше паметно, погодуваа и Радивојевиќ, Пешевски и Павле Атанасијевиќ и со серија 6:1 пелистерци и рееми 16:16 го завршија првиот дел. 

По паузата Пелистер одново го презеде водството. Во 34. минута за првпат поведе со два гола разлика, а потоа дојдоа и на +3 (18:21). Во последните десет минути се влезе со егал резултат  (26:26). Во клучните моменти “пелистерци“ влегоа во мини-криза, а на спротивната страна се разбрани Сулие, па сонот за историска гостинска победа на пелистерци беше згаснат и ПСЖ славеше со 33:27.

Кај македонскиот шампион прв стрелец беше Манасков со пет гола, еден помалку имаше Кузмановски, а Цехте заврши со три гола.

 Во следното коло во Битола гостува тимот на ГОГ Гудме.

More from ВестиMore posts in Вести »