Работички – Пелистер 3:0
Фудбалерите на Пелистер од Битола убедливо се поразени од Работнички со 3:0 во натпреварот од вонредното шесто коло во Првата македонска фудбалска лига.
По воведниот притисок на битолчани, Работнички успеа да се консолидира и креира закани преку Кадриу, кој во 31. минута се снајде во противничко поле и излета сам зад одбраната на Пелистер, па лесно реализира за 1:0. Димитар Трајков доби долга топка, добро се снајде и го издрибла својот чувар, па претрча до шеснаесетникот низ гостинската одбрана. Таму откосо Трајков со убав удар му донесе 2:0 на Работнички во 43. минута.
Во вториот дел контролата врз играта ја презедоа “пелистерци“ но Трајков во 75. минута се проби по левата страна и одложи на петерецот, а таму Кадриу налета на топката и ја смести во мрежата за 3:0.





