Press "Enter" to skip to content

Со “пиро“ спектакл покрај Драгор вечерва “Чкембари“ Битола ја најавија прославата на 40 роденден (видео+фотогалерија)

Вечерва со баклијата “тешја балкијата“ покрај реката Драгор во Битола од мостот кај Судот до Црн Мост најстарата навивачка во Македонија “Чкембари“ од Битола  ја навија прославата на 40 роденден. Големата “баклијада“  вечерва ги обедини сите генерации и ќе ја најави големата прослава која следи, а голем број битолчани беа сведоци на пиро спектаклот.На “баклијадата“ беа присутни и освовачите на навивачката група “Чкембари“ кои во 1985 година кои ја започна оваа навивачка приказна која се уште трае и ќе трае.На мостот кај судот беа Јапано, Ходно, Вељата, Диме, Чалтоно, Ице, Жарко, Владе, Чуната… кои најавија дека и на наредноот настан ќе бидат дел од прославата.

Вечерва беа запалени 25о зелени бакли покрај Драгот и голем број пред пожарната каде со “бакли“ на асфалтот на Булеварот со кои беше напишано ЧКЕМБАРИ.Потоа сите заедно се упатија на плоштадот “Магнолија“ испеаја навивачки песни и се договорија да продолжат со славењето во среда, токму на тоа место.-По повод роденденот организираме крводарителска акција заедно со црвениот крст, која ќе се одржи во просториите на трансфузија – клиничка болница Битола, понеделник од 9 часот и ќе трае до 14 часот.  Не се двоуми, спаси живот!, е пораката која “Чкембари“ ја упатија кон сите навивачи и битолчани.“Чкембари“ претходно поделија тетратки, со пелистерски мотиви за сите битолски првачиња.

Прославата продолжува в среда, 24 септември, кога сите кои барем еднаш биле дел од “Чкембарите“, од оние што ги поставија темелите во далечните 80-ти, преку славните 90-ти, па се до оние што ја воведоа групата во новиот милениум и сите кои и денес ја одржуваат жива Чкембарска трибина, ќе застанат рамо, со оние со кои ја делеле истата зелено-бела крв.

Во 17 часот започнува музичкиот хепенинг на плоштад “Магнолија“, каде ќе има штандови со пијалоци и реквизити. Потоа, со досега најголемото Чкембарско кортео низ славниот Широк Сокак, заедно ќе се упатат кон салата “Младост“ или за поновите генерации позната како “Боро Чурлевски“, каде ќе го поддржиме Пелистер во натпреварот од рамките на ракометната Лига на Шампиони, против Гог Гудме.Вториот дел – големата прослава на стадионот под  Тумбекафе на почетокот на октомври, на натпреварот Пелистер – Шкендија.

Сашо Ристевски

Фото: Дамијана Ристевска

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »