Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведени двајца моторциклист – возеле без возачка и еден возач без возачка

На 03.06.2026 во 21:15 часот на ул. „Батаљон Стив Наумов“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода М.А.(34) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле мопед со битолски регистарски ознаки, управуван од М.А., при што било констатирано дека го управувал мопедот без да поседува возачка дозвола. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

На 03.06.2026 во 22:45 часот на ул.„Виенска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода А.Е.(18) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле мопед со битолски регистарски ознаки, управуван од А.Е., при што било констатирано дека го управувал мопедот без да поседува возачка дозвола. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

На 03.06.2026 во 20:25 часот на ул.„Карпош“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода К.Т. (76) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген пасат“ со битолски регистарски ознаки, управуван од К.Т., при што било констатирано дека го управува возилото, без да поседува возачка дозвола. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.