Press "Enter" to skip to content

19 градоначалници од Западен Балкан формираа Алијанса “Green mayors за фер транзиција“, меѓу нив и Коњановски

Градоначалниците од 19 општини од целиот Западен Балкан потпишаа заедничка декларација со која ја започнаа Алијансата на „зелени“ градоначалници, регионална платформа за забрзување на зелената транзиција преку општинско лидерство и прекугранична соработка.

Потпишувањето се одржа на Форумот на „зелени“ градоначалници во Драч, во организација на  OSF–WB (Фондација Отворено Општество – Западен Балкан), на кој учествуваа повеќе од 100 општински лидери, претставници на училишта, организации на граѓанското општество и експерти за енергетика.

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, на панел дискусијата посветена на градоначалниците од регионот истакна:

-Проектот „Сончеви училишта“ и слични иницијативи покажуваат како промените можат да се случат на ниво на заедницата. Општината истражува неколку зелени решенија, вклучувајќи електричен јавен превоз и изолација на стари згради. Нашата цел е да ги подготвиме граѓаните да се снајдат во иднината на праведен и одржлив начин, посочи Коњановски.

Општина Битола е позиционирана високо од градовите на Западен Балкан, според реализираните проекти и иницијативи, за енергетска ефикасност и зелени решенија, беше истакнато на конференцијата.