Press "Enter" to skip to content

Кошаркарите на Пелистер од Битола одлично одиграа, но им фалеше малку за изненадување со фаворитот ПАОК во Солун (фотогалерија)

ПАОК – Пелистер 94:82

Вечерва во спортската сала во спортската арена во Солун, Грција, кошаркарите на Пелистер од Битола продолжија со контролните натпревари во пресрет на новата натпреварувачка сезона.Зелено-белите“ по настапот во квалификациите за ЛШ против Реџо Емилија во Самоков, Бугарија, денеска повторно имаа нов меѓународен натпревар, а за ривал исклучително квалитетна екипа, екипата на ПАОК.

Грчки ПАОК беше домаќин на “пелистерци“ во Солун, во интересен меч што беше израмнет до неколку минути пред крајот, а грчкиот тим сепак се радуваше со конечни 94:82, а разликата од 12 поени не е реален приказ на она што се случуваше во Солун, а Пелистер заслужи и повеќе од пораз.Првата четвртина заврши 24:23 за ПАОК, на одмор се замина со 56.51 за домаќините. Кошаркарите на Борче Даскаловски одлично одиграа, со многи добра одбрана, а баеа расположени и за постигнување на кошеви.Резултатот на седум минути до крајот беше израмнет 74:74. Сепак, грчкиот состав благодарение на поголемото искуство успеа да се одлепи пред самиот финиш, а на резултат 79:76 “пелистерци“ на погодија два пати по две слободни фрлања, и не погодија во следниот напад.

На крајот екипата на ПАОК триумфира и со двоцифрена разлика.Двајцата тренери им дадоа шанса на сите кошаркари воигрувајќи ги тактичките замисли пред стартот на новата сезона, а Пелистер одлично му парираше на квалитетниот ривал.Брејси Дејвис беше прв стрелец на Пелистер со 20 поени, 16 постигна Малешевиќ, 13 Вилсон, додека со 10 поени мечот го заврши Митревски.Тренерот Даскаловски вечерва не можеше да рачуна на искусниот Бобан Стаиќ, кој паузираше поради повреда.Пелистер следниот викенд ќе ја стартува новата сезона во македонската Супер-лига, во која битолчани за противник во првото коло ќе го имаат Работнички.

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »